Јуниорски тенис VIP Вести

Завршница на Југ Опен 2026 за тенисери и тенисерки до 14 години

23.04.2026

На терените на тенискиот клуб Југво Скопје во тек е турнирот за тенисери и тенисерки до 14 години, кој е категорија 3 и на кои настапуваат неколку македонски млади тенисери и тенисерки. Организаторот успешно се справи и со дождливите денови кога имаше и пролонгирање на мечевите, но според програмата завршницата ќе се игра според предвиденото.

За утре (петок) на програмата се четвртфиналните мечеви во поединечна конкуренција во двете конкуренции, како и полуфиналните мечеви.

Од македонските тенисери во конкуренција поединечна конкуренција меч за пласман во финалето ќе игра Деа Крстевска, која ќе игра против првата носителка Софија Трибол од Украина. Без четвртфинале остана Ведрана Таневска, која денеска загуби со 2-0 во сетови од Сиена Грејс од Велика Британија.

Кај момчињата Андреј Темов, кој беше рангиран како прв носител во мечот од 3.коло загуби по голема борба со 2-0 во сетови (76 и 75) од Левин Валадхани од Швајцарија. Васили Закоски во мечот со Арселан Седир од Турција водеше со 1-0 во сетови, но го загуби мечот со 2-1.

Во конкуренција на двојки Македонија ќе има по еден претставник во полуфиналните мечеви. Кај девојчињата Деа Крстевска настапува заедно со Наталија Сулавер од БиХ, додека кај момчињата Андреј Темов во полуфиналето настапува заедно со Ленарт Кадриу од Швајцарија.

Најавеното сончево време секако е одлична можност да се проследат интересни мечеви од завршницата на овој турнир за една од најмладите возрасни категории.