Јуниорски тенис VIP Вести

Заврши турнирот МТП Опен 2026

08.06.2026

Изминатава недела на терените на МТП клубот се одржаа мечевите од турнирите во двете конкуренции за тенисери и тенисерки до 14 години МТП Опен 2026. Турнирот беше од категорија 3.

Кај момчињата победи Томас Ван Фрут од Холандија, кој во финалето го победи Сами Дамни со 2-0 во сетови, додека кај девојчињата триумфираше Софија Синкевич од Украина, која со 2-0 во сетови ја совлада Марија Гарферт. Во конкуренција на двојки, како победници завршија финалистите од машкото финале Ван Фрут и Дамни, што покажа дека биле во одлична форма, додека кај девојчињата победи тенисерките од Украина Синкевич и Ана Куликовска.

Од македонските тенисери најдобар успех постигна Андреј Темов со две полуфиналиња во поединечна и и во конкуренција на двојки, додека кај девојчињата Деа Крстевска покрај сингл четвртфиналето и во двојки заедно со Ведрана Таневска беа четврфиналистки.

Тениските турнири за млади тенисери и тенисерки во Македонија продолжуваат и оваа недела и во тек се мечевите Поинтер Опен 2026 за тенисери и тенисерки до 16 години.