Јуниорски тенис VIP Вести

Заврши Југ Опен за тенисери и тенисерки до 14 години – Темов финалист во двојки

26.04.2026

Изминатава недела на тренерите на ТК југ во Скопје се одржа турнирот за тенисери и тенисерки до 14 години Југ Опен (категорија 3). Победници на турнирот во поединечна конкуренција се кај момчињата: Кајус Селиукас од Литванија и Софија Трибол од Украина.

Од македонските тенисери најдобар резултат постигна Андреј Темов, кој заедно со Ленарт Кадриу од Швајцарија беа финалисти во конкуренција на двојки, а во финалето беа поразени од Сами Дамани (Франција) и Џем Капукиран од Турција со 2-1 во сетови (62 57 и 10:7 на поени). Темов минатата недела имаше настап на турнир во Тирана и во двојки беше финалист, а во сингл полуфиналист.

Кај девојките од македонските тенисерки најдобар резултат постигна Деа Крстевска, која беше елиминирана во сингл четвртфиналето од победничката Трибол, а во конкуренција на двојки со Наталија Сулавер од Босна и Херцеговина играа во полуфиналето.

Од утре на терените на ТК Југ стартува нов турнир за тенисери и тенисерки до 18 години Скопје Опен 2026.