Јуниорски тенис VIP Вести

Вториот развоен шампионат во Анталија прекинат од безбедносни причини

10.03.2026

Младите македонски тенисери (до 14 години) изминатиов период имаа настап на развојните шампионати во Анталија, Турција. По одигрувањето на првиот турнир, вториот турнир по само еден ден беше прекинат од безбедносни причини и војната во Блискиот Исток. Инаку, не беше прекинат само овој турнири, туку и сите кои беа во организација ИТФ (сениорски и јуниорски).

На првиот турнир забележителен настап имаше Андреј Темов, со две полуфиналиња во сингл и двојки, притоа треба да се напомни Арас Јалчинкаја од Турција заврши како победник, а во мечот со Темов најтешко стигна до победата.

Покрај Темов, беа присутни и Василиј Закоски кај момчињата, како и Деа Крстевска и Ведрана Таневска кај девојчињата. Тие беа дел од групата од 40 тенисери и тенисерки од 10 држави. Покрај мечевите сите учесници на шампионатите имаа можност да другаруваат.

За време на престојот во Анталија и тренерите работеа во повеќе групи и со различни натпреварувачи, кои пак ги откриваа и тајните на тениската игра, како и тоа што значи подготовка за настап на еден турнир. Дел од учесниците на развојниот шампионат имаа можност да се запознаат и со украинската тенисерка Катарина Заватска, која пак во истиот период настапуваше на ВТА 125 турнирот во Анталија.