Македонскиот тенисер Обрад Марковски заедно со Марко Милосављевиќ од Србија триумфираа во конкуренција на двојки на турнирот ИТФ 15 Куршумлијска Бања. За Марковски ова е трето финале оваа година, а второ на кое завршува како победник, откако претходно со Горазд Србљак победи на фјучрс турнирот во Скопје.
Во првите две кола Марковски и Милосављевиќ беа поуспешни од тенисери од Италија. Во првата рунда ги победија Леандро Катанео и Матиас Пиасну со 2-0 во сетови (63 61), а во втората рунда ги победија Себастијано Кокола и Лоренцо Комино (трети носители) со 2-0 во сетови (75 62).
Во полуфиналето успеаја да ги победата холандските тенисери Џулиус Булт и Елгин Коблал со 2-0 во сетови (63 64).
Во финалето Марковски и Милосављевиќ ги совладаа вторите носители Никита Белозерцев (Узбекистан) и Иван Грецки (Русија) со 2-0 во сетови (75 62).
Претходното годинава Марковски играше финале во Куршумлијска Бања со Никола Јовиќ од Србија, а првата турнирска победа во двојки ја имаше во 2024 година со Стефан Латиновиќ во Куршумлијска Бања.