Јуниорски тенис VIP Вести

Стартуваат пет турнири во младинска конкуренција

26.07.2026

Од понеделник (27.јули) и до крајот на месец август ќе се одржат пет турнири во младински категории на кои македонските млади тенисери и тенисерки ќе имаат можност да ги покажат своите квалитети, како и да ги одмерат силите со ривалите кои ќе допатуваат во Скопје.

Првиот турнир е за тенисери и тенисерки до 16 години, додека другите четири, кои ќе бидат во месец август ќе бидат за тенисери и тенисерки на возраст до 18 години.

Распоред на турнирите:

У16 „Неотел опен“ (ТК Југ) – категорија 3 (27.07 – 02.08)

У18 „Неоком опен“ (ТК Југ) – Ј60 Скопје (03.08 – 09.08)

У18 „Југ опен“ (ТК Југ) – Ј60 Скопје (10.08 – 16.08)

У18 „Интеко опен“ (ТК Југ) – Ј30 Скопје (17.08 – 22.08)

У18 „Тенниспарк Поинтер опен“ (ТК Тенис клуб Поинтер) – Ј30 Скопје (24.08 – 29.08)