Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по настапот во квалификациите на УС опен денеска го имаше првиот меч на ВТА 125 турнирот во Анталија, што се игра за награден фонд од 115.000 американски долари. Таа во првото коло ја елиминираше седмата носителка Миа Ристиќ од Србија. Ѓорческа триумфираше со 2-0 во сетови (61 63) за 86 минути игра.
Во првиот сет Ѓорческа со два брејка стигна до водство од 4:0 во гемови, а потоа во седмиот гем по 16 одиграни поени ја искористи четвртата сет топка и поведе со 1-0 во сетови. Во вториот сет македонската тенисерка направи брејк во четвртиот гем за водство од 3:1 и предноста ја зачува до крајот на мечот.
Ова беше трет меѓусебен меч на Ѓорческа и Ристиќ и скорото сега е 2:1 за македонската тенисерка.
Во следното коло противничка ќе и биде Италијанката Аурора Ѕантедески, која со 2-0 (62 62) во сетови Софија Лансере.