VIP Професионален тенис Вести

Ролан Гарос - турнир за вистински предизвик во женскиот тенис!

27.05.2026

Сезоната на мечеви на земјена подлога е во голем ек и разбирливо во центарот на вниманието е вториот Гренд слем турнир – Ролан Гарос, кој се игра токму на земјена подлога.

Низ историјата на женскиот тенис на Ролан Гарос историски е запишано дека првиот турнир кај дамите е одигран во далечната 1897 година, а прва шампионка е Адин Масон, кој има вкупно пет титули.
Но, турнирот на париската „црвеница“ има посебен белег во женскиот спорт. Како во минатото така и денеска мечевите на тенисерките се проследени заедно со последните детали на француската мода, ова особено е изразено во втората недела на турнирот. Како борбата и натпреварот на мрежата, така и на трибините во ВИП ложите за последните детали од модната писта.

Историски погледнато Американката Крис Еверт е тенисерката со најмногу турнирски победи вкупно 7, додека на втората позиција е Сузан Леглен, но период на аматерската ера или во 20-тите години од минатиот век, кога за седум години освои шест титули. Шест пати победничкиот пехар го крена и Германката Штефи Граф, а тениските хроничари се уште ги прераскажуваат нејзините финални мечеви против Моника Селеш, Аранча Санчез Викарио, Мартина Навратилова, па и Мартина Хингис.
Ролан Гарос има и еден посебен белег последните 30-тина години каде три тенисерки имаа по три победи во низа: Моника Селеш (1990-1992); Џастин Анен (2005-2007) и Ига Швјонтек (2022-2024).
Францускиот опен е турнирот каде не победуваат фаворитките, па до Гренд слем титула на овој турнир стигнале: Џенифер Капријати, Анастасија Мишкина, Светлана Кузњецова, Франческа Скиавоне, Ли На, Гарбине Мугуруза, Јелена Остапенко, Симона Халеп, Ешли Бартли, Барбора Крејчикова, … Нивните победи ги спречија Марија Шарапова да дојде до повеќе од две титули или пак Серена Вилијамс која во Париз освои три.

Ролан Гарос е Гренд слем турнирот каде и тенисерките од поранешна Југославија имаа успех. Моника Селеш со трите победи во низа, потоа титула има Мима Јаушовец (поранешна Југославија) од 1977 година, Ива Мајоли (Хрватска) во 1997 година, Ана Ивановиќ (Србија) во 2008 година.
Дека Ролан Гарос е непредвидлив особено кај дамите покажува и фактот што Мартина Хингис, која има шест Гренд слем титули има само две финалиња во Париз и ниту еден пехар.
Франција како земја домаќин триумф на Ролан Гарос чека од 2000 година кога Мери Пирс ја совлада Кончита Мартинез, а токму Пирс беше последната француска тенисерка која играше финале во 2005 година.

Актуелна шампионка е Американката Коко Гоф, но во спортот секогаш важи фактот дека потешко е да одбрани титула отколку да се освои. Свои амбиции за шампионскиот пехар има и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка.


Париз – Ролан Гарос уште едно големо тениско натпреварување е центарот на светската спортска јавност.

 

*Статијата е дел од Проектот за родова еднаквост во тенисот „АС за еднаквост“- Проект поддржан од Олимпискиот Комитет на С.Македонија, преку Проектот Фер Игра, а финансиски поддржан од Европската Комисија