Јуниорски тенис VIP Вести

Пораз во квалификациите на Митевска во Анталија

24.12.2025

Младата македонска тенисерка Сара Митевска не успеа да ги мине квалификациите на ИТФ турнирот што се игра во Анталија (награден фонд 15.000 долари). По многу неизвесности и откажувања мечот од второто коло од квалификациите денеска беше завршен и победа по голема борба постигна третата носителка од квалификациите Клара Ваја од Србија.

Ваја победи со 2-0 во сетови (6:4 и 6:4). Инаку, мечот стартуваше вчера и беше прекина во првиот сет при резултат 5:3.

Митевска во следниот период ја очекуваат настапи и во младинска конкуренција.