Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на ВТА 125 турнирот во Анкара. Поуспешна од неа беше Ксенија Зајцева со 2-1 во сетови (57 63 64) за 2 часа и 8 минути. Турнирот е со награден фонд од 115.000 американски долари.
Ѓорческа го доби првиот сет и поведе со 1:0. Таа направи брејк за водство од 4:2 во гемови, но во следниот го загуби гемот на сервис, па потоа нов брејк направи во 12.тиот гем за 7:5. Во вториот сет Ѓорческа по загубениот гем на стартот успеа да изедначи на 3:3, но потоа ривалката ги доби сите три гема до крајот на сетот. Во решавачкиот сет Зајцева поведе со 3:0 во гемови, но Ѓорческа изедначи на 3:3. Ривалката потоа поведе со 4:3, а до крајот на сетот гемовите завршуваа со брејк и тоа значеше победа за Зајцева.
Ѓорческа освои еден поен за учеството на овој турнир.