Јуниорски тенис Вести VIP Main

Победи за Митевска и Алексовски за пласман во третото коло

21.09.2026

Сара Митевска и Марко Алексовски постигнаа победи на Европското првенство за играчи до 16 години и обезбедија пласман во третото коло на шампионатот што се игра во Парма. Сара Митевска во меч од второто коло ја победи Тинкара Сеп од Словенија со 2-0 во сетови (62 62), додека Марко Алексовски со 2-0 во сетови (63 62) го совлада Николас Шилц Солви од Луксембург.

Во следното коло Митевска ќе игра против Емесе Серкади од Унгарија, а Алексовски ќе игра против Матс Хуте од Холандија.

Алексеј Стојановски го заврши настапот по поразот од 0-2 од Томи Лукс од Чешка, а денеска загуби и во мечот за пласман. Настапот на ЕП заврши и за Лина Николовска која во второто коло загуби од Андреа Папакирјаку од Кипар.

Во конкуренција на двојки македонските тенисери и тенисерки ги загубија мечевите. Алексовски и Стојановски загубија од Колин Ландри и Сем Ван де Лангенберг, додека Митевска и Николовска загубија од Ајше Бол и Танем Јилмаз.