Македонскиот дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев по голема борба успеа да избори пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Оберпулендорф, Австрија. Тој денеска го победи Емил Торн од Финска по голема борба и пресврт во мечот со 2-1 во сетови (46 64 75).
Во следното коло Јанев ќе игра против Јакуб Куси од Чешка.
На шампионатот вчера настап имаше и Ерион Незири, кој загуби од Лукас Ериксон од Финска со 2-0 во сетови (75 61). Кај девојчињата Мила Јовановски и Ирина Пиштолова ги загубија мечевите. Јовановски од Елеонора Тонева од Бугарија со 2-0 во сетови (64 63), а Пиштолова загуби од Лидија Бринман од Ирска со 2-0 во сетови (61 64).
Македонските тенисери во двојки (Јанев – Незири) ќе играат против Калојан Шиков и Александар Толев од Бугарија, а девојките Јовановски - Пиштолова за противнички ги имаат Димитра Кумуцеа и Катарина Устабасиду од Грција.