Професионален тенис Вести VIP Main

МИ: Сара Митевска поразена од Матула

27.08.2026

Најмладата македонска претставничка на Медитеранските Игри во Таранто тенисерката Сара Митевска го загуби мечот во поединечна конкуренција на Медитеранските игри во Таранто. Таа попладнево беше поразена од фаворитката и четврта носителка Марта Матула од Грција со 2-0 во сетови.

Ривалката двата сета ги доби со 6:0 и 6:4 во гемови. За Митевска, која е БЏК куп репрезентативка на Македонија настапот во Италија беше големо искуство.

На тенискиот турнир покрај Митевска настапи и Кристијан Јанев, а двајцата имаа и настап во мешани двојки, но ги веќе ги завршија натпреварите.