Почитувани клубови и тренери,
Од 15 до 18 октомври 2026, ТФСМ планира организација на Курс за тренери од ниво Играј Тенис (Play Tennis course). Курсот е во организација на Тениската Федерација на Македонија (ТФСМ) а по програма на Интернационалната Тениска Федерација (ITF). По завршување на овој курс кандидатите кои ќе ги положат сите тестови и задачи ќе добијат ITF сертификат кој е признаен од ТФСМ и од ITF. Местото на одржување ќе биде накнадно објавено.
Тутор на курсот ќе бидe:
Горан Шевченко – ITF Тутор за Play Tennis
Кристијан Вангелов – Асистент Тутор за Play Tennis
Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот e-mail contact@tfsm.mk, а рокот на пријава е 09 Октомври 2026 до 12 часот. Минималната бројка е 12 а максималната бројка на пријавени е 24 кандидати. Во пријавата која треба да биде во форма на e-mail треба да го наведете името и презимето на кандидатот, мобилен број и e-mail адреса.
Прифатените кандидати треба да извршат уплата до 12 Октомври 2026 година согласно информацијата подолу на следната Жиро сметка: 300000000981676, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје.
Кандидатите треба да уплатат годишна лиценца од 2500 денари и 5500 денари за посетување на курс согласно одлуките на ТФСМ. Назнака за уплата: Лиценца за 2026, курс од ниво Играј Тенис и име и презиме на кандидатот;
Одлука за годишна лиценца:
https://www.mtftennis.mk/uploads/36_2026_16041770910659.pdf
Одлука за посетување курс:
https://www.mtftennis.mk/uploads/36_2026_17831770910659.pdf
Сите информации за тренерската едукација која ја извршува Тениската Федерација на Македонија може да се види во Правилникот на тренерскиот комитет и тениските тренери:
https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/cfiles/Konecen-Trenerski%20pravilnik.pdf
По завршување на курсот селектираните кандидати ќе можат да посетуваат курс од Ниво 1 (тренирање на почетници и средно ниво на тенисери) кој се планира да се организира во 2027 година.
Со почит,
ТФСМ