Јуниорски тенис VIP Вести

Калин Митевски двоен победник на МТП опен 2026

13.09.2026

Македонскиот тенисер Калин Митевски е двоен победник на МТП опен 2026, турнир за тенисери и тенисерки до 12 години од категорија 2 одржан деновиве на терените на ТК МТП во Скопје. Калин Митевски во финалето го совлада Стефан Кустуровиќ од Србија со 2-0 во сетови (63 62), а претходно во полуфиналето го победи Демир Чандемир од Турција со 2-0 во сетови (62 63) и во четвртфиналето беше поуспешен од Матс Вајблен од Германија со 2-0 во сетови (61 61). Претходно во групата Митевски ги победи Стрибор Поповиќ од Србија и Тибет Акташ од Турција.

Во конкуренција на двојки Калин заедно со Кустуровиќ беа најуспешни. Од македонските тенисери групите успешно ги минаа и изборија четвртфинале Дариан Белчовски, Габриел Никола Петак и Јаков Андреевски.

Кај девојчињата победи Романката Јустина Бурада, а заедно со Лена Раониќ од Црна Гора победија во двојки. Во финалето на двојки беа поуспешни од Јована Атанасовска од Македонија и Ева Нистрова од Швајцарија. Од македонските тенисерки групите го минаа и во четвртфиналето беа запрени: Атанасовска и Тициана Апел.