Македонските тенисери Кристијан Јанев и Ерион Незири остварија победа во мечот од првото коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Оберпулендорф. Тие ги победија Калојан Шиков и Александар Толев од Бугарија со 2-0 во сетови (76(5) и 62). Утре во меч од второто коло ќе играат против тенисерите од Шведска, Вилијам Кјелберг и Лов Миквист.
Девојките претрпеа несреќен пораз. Мила Јовановски и Ирина Пиштолова загубија со 2-1 во сетови (60 26 и 10-3 на поени) од Димитра Кумуцеа и Катарина Устабасиду од Грција.
Утре меч од второто коло ќе игра и Јанев во поединечна конкуренција, кој за ривал го има третиот носител Јакуб Куси од Чешка.