VIP Професионален тенис Вести

Ивановски: Лина и мене ми дава инспирација за настап на сениорски Вимблдон

30.06.2026

Прес конференцијата по повод турнирот Macedonian Open што се одржува во Скопје не можеше да ги остави и другите актуелности од тенисот на страна, пред се настапот на Лина Ѓорческа на Вимблдон. Покрај директорот на турнирот Горан Шевченко, свое видување имаше и македонскиот Дејвис куп репрезентативец Калин Ивановски.

- Лина и нејзиниот пласман на Вимблдон... секако и моја цел е да се пласирам на Вимблдон. Едноставно Лина ми дава инспирација и ако сум здрав верувам дека следната година ќе настапам, барем во квалификациите. Вимблдон е еден од најдобрите турнири. Кога играв на јуниорскиот ми се исполни сонот, но целта ми е да настапам и на сениорскиот турнир. Навистина тоа е голем турнир, и со тоа успехот на Лина е голем, мислам дека направи резултат, изјави на прес конференцијата Калин Ивановски.

Калин Ивановски има настап на Вимблдон и во 2022 година беше четвртфиналист.