Македонскиот тенисер Калин Ивановски со победата од 2-0 во сетови (64 76(6)) против првиот носител во квалификациите Фредерико Арнаболди од Италија избори пласман на главниот турнир. Тој вчера исто така победи тенисер од Италија Џузепе Ла Вела со 2-1 во сетови.
Ивановски на главниот турнир ќе игра против петтиот носител Шпанецот Алехандро Моро Кањас (25 години, 233.место АТП). Инаку, од шест победници во квалификациите петмина играат со тенисер, кој е рангиран меѓу осумте носители на турнирот.
Во денешниот меч против Арнаболди, Ивановски првиот брејк го направи во првиот сет во третиот гем за водство од 2:1 и предноста ја зачува до крајот на сетот. Во вториот сет македонскиот тенисер повторно имаше брејк за водство од 3:2, во противникот успеа да изедначи на 5:5. Во „13.тиот гем“ се водеше голема борба за секој поен. Ивановски поведе со 4:0 на поени, а Арнаболди изедначи на 6:6, но следните два поена ги освои Ивановски за 8:6 на поени и победа во мечот.
Турнирот во Палермо е од рангот Челинџер 50 и се игра за награден фонд од 56.700 евра.
Распоредот за мечевите за утре (вторник) сè уште не е објавен бидејќи во вечерните термини се играат првите мечеви од првото коло, а досега се играа завршните мечеви од квалификациите.