Двајца македонски тенисери ќе имаат мечеви денеска на терените на ТК Југ во рамки на програмата во сингл конкуренција. Обрад Марковски продолжението од мечот од второто коло против Владислав Орлов од Украина, кој беше прекинат поради темница први водство од 1-0 во сетови за Орлов и 2:2 во гемови во вториот сет ќе продолжи на теренот број 6 во 10 часот. Победникот од овој меч во четвртфиналето на истиот терен ќе игра против Петар Јовановиќ од Црна Гора.
Калин Ивановски својот меч од четвртфиналето против шестиот носител Александер Вајс од Италија го игра на терен број 5, а не пред 11:30 часот.
Во зависност од текот на мечевите и на временските услови за денеска за попладневните часови планирани се мечеви во конкуренција на двојки од кои четири од првото коло, а четири од четвртфиналето.