VIP Професионален тенис Вести

Ивановски елиминиран на турнирот ИТФ 25 Златибор, а Приходко ќе игра во второто коло

17.09.2026

Дејвис куп репрезентативецот на Македонија, Калин Ивановски по паузата поради повредата по два месеца се врати на теренот, но не успеа да ја мине првата пречка на ИТФ 25 турнирот што се игра на Златибор. Поуспешен од него беше Рио Табата од Јапонија со 2-1 во сетови (61 46 10-6 на поени). Ивановски последниот меч го одигра кон средината на месец јули, па првиот сет ривалот го доби со 6.1 во гемови. Во вториот сет противникот повторно водеше со 2:0 во гемови, но Ивановски успеа да направи пресврт и со два брејка го доби сетот со 6:4. Во третиот сет се играше на поени, а Табата го доби сетот со 10-6. Сетот се играше на поени од причина што организаторите имаа проблеми со одигрувањето на мечевите претходните денови поради лошото време.

Ивановски следната недела го очекува настап на турнир во Пардубице, Чешка.

И вториот Дејвис куп репрезентативец на Македонија, Олег Приходко настапува на овој турнир и во првото коло без поголеми проблеми го победи Вељко Крстиќ со 2-0 во сетови (62 61). Приходко настапува и во конкуренција на двојки со Денис Клок, а утре во полуфиналето ќе играат против Алекс Генчев и Ентони Гемов од Бугарија. Приходко утре ако победи против Дражен Петровиќ од БиХ во второто коло, ќе го игра и четвртфиналниот меч.