Почитувани,
Ве известуваме дека во периодот од четврток, 26 февруари, до недела, 1 март 2026 година, во Скопје ќе се организира ITF курс за тениски судии – Национално ниво, за следните категории:
Главни судии / Делегати,
Судии на стол,
Линиски судии.
Сите заинтересирани кандидати потребно е да го пријават своето учество со доставување на следните информации по електронска пошта на: 📧 sudiskonatprevaruvacki@tfsm.mk
Име и презиме, пол
Датум на раѓање
Професија и образование (вид и степен)
Тениско искуство (како играч и/или тренер)
Контакт телефон (мобилен)
Е-пошта
5.000,00 денари – за Главни судии / Делегати
4.000,00 денари – за Судии на стол и Линиски судии
Постоечките Судии на стол кои сакаат да се пријават за модул Главни судии / Делегати, исто така треба да се пријават во наведениот рок.
Дополнителната котизација за овој модул изнесува 1.000,00 денари.
Бројот на учесници е ограничен (максимум 18–20 кандидати), според принципот прв пријавен – прв услужен.
📅 Краен рок за пријавување:
четврток, 12 февруари 2026 година
на е-пошта: sudiskonatprevaruvacki@tfsm.mk
Избраните кандидати се должни пред почетокот на курсот, а најдоцна до 16 февруари 2026 година да ја уплатат целосната котизација на следната жиро-сметка:
Тениска федерација на Северна Македонија
Жиро-сметка: 300 000 000 981 676
Банка: Комерцијална банка АД Скопје
Цел на дознака: Котизација за учество на ITF курс за судии – Национално ниво
Избраните кандидати ќе бидат писмено известени од страна на ТФСМ, а по извршената уплата ќе им бидат доставени сите потребни материјали за школото по електронски пат.
Сите учесници ќе добијат Сертификат за учество од ТФСМ.
Успешните кандидати ќе се стекнат со право на работа на домашни и меѓународни турнири како:
Главни судии / Делегати
Судии на стол
Линиски судии
Кандидатите кои успешно ќе го завршат курсот ќе имаат можност за ангажман на домашни и ITF турнири во текот на 2026 година.
Локален организатор: Антонио Радојничкиќ
Предавачи: Зоран Марков и Анета Павловска
📞 За дополнителни информации:
Антонио Радојничкиќ – 071 362 857
Со почит,
Тениска федерација на Северна Македонија
Антонио Радојничкиќ
Администратор и
Судиско-натпреварувачки комитет