VIP Професионален тенис Вести

Ѓорческа: Сон на секој тенисер е настап на Грен слем турнир

29.12.2025

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на стартот од новата сезона ја очекува настапот на Австралија Опен во Мелбурн. Таа трета година ќе биде дел од квалификациите на овој турнир. Во својот прв настап во Мелбурн беше на чекор до главниот турнир.

-  Во јануари е почетокот на сезоната и не може да се има поубав старт од Австралија опен. Се подготвувам за успешен настап. Еднаш бев многу блиску и се надевам дека сега ќе го скршиме мразот“ и ќе изборам пласман на главниот турнир. Сон на секој тенисер е да учествува на Грен слем турнирите, така и за мене. Се надевам дека ќе имам учество и на „главен турнир“, но оваа година ќе има и настапи на повеќе ВТА турнири, изјави Ѓорческа.

Таа во Скопје ќе се подготвува за настапот во Мелбурн, а за Австралија патува на 4.јануари (недела).