VIP Професионален тенис Вести

Ѓорческа поразена на стартот од турнирот во Лисабон

12.10.2026

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка на ВТА 125 турнирот во португалскиот град Лисабон. Таа загуби од Французинката Клара Бурел со 2-0 во сетови (61 63) за 70 минути игра.

Противничката на Ѓорческа ја потврди фаворитската улога и првиот сет го доби со 6:1 во гемови откако направи два брејка. Вториот сет беше сосема по различен, во целиот сет имаше само еден гем кој го освои тенисерката што беше на сервис, а тоа беше Бурел.

Ѓорческа за настапот во Лисабон ќе добие еден поен.