Професионален тенис Вести VIP Main

Ѓорческа поразена на стартот од ВТА 125 турнирот во Рим

13.07.2026

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска го загуби мечот од првото коло на ВТА 125 турнирот во Рим. Поуспешна од неа беше домашната тенисерка Дебора Киеза (Италија, 354.место ВТА листа) со 2-1 во сетови (67(1); 63 и 63) во меч што траеше 162 минути.

Мечот беше изедначен, а двете тенисерки кои добро се познаваат бидејќи беше шести нивни меч во последните четири години. Во првиот сет имаше по два брејка, а сетот беше решен во „13. та игра“ и по 1:0 на поени за Киеза, Ѓорческа освои седум поени и го освои сетот. Во вториот сет од девет одиграни гема, имаше дури седум брејка, а Киеза ги доби првиот и деветтиот гем на свој сервис и сетот го заврши со 6:3 во гемови. Во решавачкиот сет Ѓорческа повторно имаше проблем со сервисот, а ривалката направи три брејка.

Ѓорческа во мечот имаше 6 брејка од 14 можности, а Киеза 8 од 21.

Со денешната победа Киеза поведе во меѓусебните мечеви со 4:2 во победи.

Македонската тенисерка следната недела ја очекува настап на ВТА 125 турнирот во Палермо.