VIP Професионален тенис Вести

Ѓорческа по голема борба во три сета поразена во второто коло од квалификациите на Мелбурн

14.01.2026

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби денешниот меч од второто коло од квалификациите на Австралија опен. Поуспешна од неа беше Словенката Тамара Зиданшек со 2-1 во сетови (46 62 75) за два часа и 15 минути игра. По поразот Ѓорческа не успеа да го повтори резултатот од 2017 година кога беше дел од финалето на квалификациите на овој Грен слем турнир.

Инаку, македонската тенисерка имаше одличен почеток и првиот сет го доби со 6:4 во гемови откако успеа да направи два брејка наспроти еден на ривалката, која пак резултатски се врати во игра откако го доби вториот сет со 6:2 во гемови.

Во решавачкиот сет Ѓорческа имаше одличен старт и брејк предност водеше со 1:0, а потоа и 3:1. Но, Зиданшек успеа да шестиот гем да изедначи на 3:3. Клучен за поразот беше 12.тиот гем на сервис на Ѓорческа кога ривалката направи нов брејк што значеше и добивање на сетот со 7:5. Притоа Ѓорческа успеа да спаси една меч топка.

Ова за Лина Ѓорческа беше трето учество на Австралија опен во квалификациите.