Јуниорски тенис Вести VIP Main

Двоен триумф на Сара Митевска на турнирот Југ опен во Скопје

16.08.2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16 години) со два пехара го заврши настапот на турнирот Југ Опен 2026 што изминативе денови се одржуваше на терените на ТК југ во Скопје. Турнирот е од рангот Ј60 Скопје за тенисери и тенисерки до 18 години.

Митевска во сингл финалето денеска ја совлада Верица Зориќ од Србија со 2-1 во сетови (26 63 63). Македонската тенисерка заедно со Андреја Глушкова од Бугарија беа најуспешни и во конкуренција на двојки откако во финалето ги совладаа Анастасиа Димитриев и Ноел Зема од Италија со 2-1 во сетови (63 26 10-4 на поени).

Кај момчињата македонскиот претставник Ерион Незири заедно со Лазар Младеновиќ од Србија триумфираа во игра на двојки откако во финалето со 2-0 во сетови (63 61) ги совладаа Борис Борисов и Борис Начев од Бугарија.

Во поединечна конкуренција кај момчињата од македонските претставници Кристијан Јанев беше учесник во четвртфиналето.

Во текот на следната недела на терените на ТК Југ ќе се одржува третиот од четирите турнири во Скопје – Интеко опен.