Јуниорски тенис VIP Вести

Две полуфиналиња за македонските тенисери на развојниот шампионат во Анталија

02.03.2026

Андреј Темов успеа да избори пласман во две полуфиналиња на развојниот шампионат што се игра во Анталија, за тенисери до 14 години. Тој е рангиран како четврти носител и во првото коло беше слободен, а во двата меча оствари убедливи победи за пласман во полуфиналето. Прво го совлада Херон Ајети од Косово со 2-0 во сетови (60 и 61), додека во четвртфиналето беше поуспешен од Илдар Малаи од Молдавија со 2-0 (61 и 60). Тој утре во полуфиналето ќе игра против првиот носител Арас Јалчинкаја од Турција.

Во конкуренција на двојки Темов со Василиј Закоски утре во полуфиналето ќе играат против грузиските тенисери Гиорги Кинцурашвили и Јакоби Сванадзе. Во мечот од четвртфиналето македонските тенисери ги победија Јонис Габа и Флоид Касо од Албанија со 2-0 во сетови (60 62).

На развојниот шампионат во Анталија кај девојчињата настапуваат Деа Крстевска и Ведрана Таневска.

Ова е првиот од двата турнира што се играат во Анталија во рамки на развојниот шампионат за тенисери и тенисерки до 14 години. Инаку на турнирот настапуваат 40 тенисери и тенисерки од 10 држави.