Изминативе денови на терените на ТК Тума од Куманово беше организаран турнир за тенисери и тенисерки до 16 години, а победничкиот пехар заврши во рацете на домашниот тенисер Алексеј Стојановски, кој сите пет меча ги доби со 2-0 во сетови. Одличните игри домашниот миленик изнуди и аплузи од присутните кои го следеа турнирот кој беше од категорија 3.
Стојоновски во финалето го совлада Максимилијан Хајцик од Германија со 6:3 и 6:1 во гемови, а претходно во полуфиналето го победи македонскиот тенисер Марин Стефановски. Во четвртфиналето беше подобар од Петар Травица (Србија), а во втората рунда од Димитрос Косицидис од Грција.
Во конкуренција на двојки победија македонскиот тенисер Андреј Темов и Џејмс Бартон од Австралија, со 2-1 во сетови (46 63 и 10-4 на поени) и со тоа го спречија Стојановски за двоен триумф бидејќи тој беше финалист заедно со Хајцик.
Кај девојките најуспешна беше Анџела Буриќ од Босна и Херцеговина, која заедно со сонародничката Амајла Кадриќ беа најуспешни во двојки. Од македонските тенисерки четвртфиналисти во сингл беа: Анастасија Арсовска и Јована Велјановска.
Организаторот на турнирот ТК Тумба се покажа во одлично издание, а задоволството секако беше уште поголемо со триумфот на домашниот тенисер младото момче Алексеј.
Ова треба да биде мотив и за организација на турнири и од повисоко ниво.




