Јуниорски тенис Вести VIP Main

Деспотовски: Настапот на ова Европско треба да биде мотив за подобри резултати на македонските тенисери

17.09.2026

Македонскиот национален тим го заврши својот настап на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години Оберпулендорф, Австрија. За Македонија настапија Мила Јовановски, Ирина Пиштолова кај девојките и Кристијан Јанев и Ерион Незири кај момчињата.

Покрај мечевите во поединечна конкуренција, македонските тенисери настапија и во конкуренција на двојки:

-  Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години имаше свој висок квалитет, иако некои од играчите и не беа присутни. Но, сепак тие што се тука се квалитетни во својата возраст. Што се однесува до нашите тенисери – одиграа квалитетно и максимално одговорно и борбено, но недостатоците што ги имаат треба да ги поправат. Сепак машкиот дубл за малку не направи изненадување и буквално во решавачкиот сет го загубија мечот со тенисерите од Шведска, но покажаа квалитет и малку и недостасуваше за победа. Сепак ова што го прикажаа тука, треба да им биде мотив во иднина да тренираат повеќе и да имаат подобри резултати, ни изјави селекторот на јуниорскиот тим Круно Деспотовски.

Следната недела во Парма, Италија се игра Европското првенство за тенисери и тенисерки до 16 години, а македонски претставници ќе бидат: Сара Митевска, Лина Николовска (девојчиња) и Марко Алексовски и Алексеј Стојановски (момчиња).