Македонските тенисери денеска во Кишињев го играат клучниот меч во рамките на Третата Европска група од Дејвис купот. Противник ни е Црна Гора, второпласираната селекција од А групата.
Македонија на претходните три дуели постигна две победи: Косово 3:0 и Грузија 2:0 и забележа еден пораз од Молдавија со 1:2, иако македонските тенисери имаа предност од 1-0 и водство во вториот сингл меч, но грчевите му создадоа проблем на Приходко и домаќинот стигна до победата.
И Црна Гора како и Македонија постигна две победи Република Ирска (2:1) и Азербејџан (2:0), а загуби од Летонија (1:2) и тие како и Македонија годината ја почнаа со меч во Втората Светска група и пораз со 2:3 од Јужна Африка.
Во македонскиот тим Калин Ивановски ги доби трите меча (сингл), додека Олег Приходко има скор од 2/1.
Во составот на Црна Гора да досегашните мечеви како втор играч играл Симон Кнежевиќ кој ги загуби двата меча, а Петар Јовановиќ има скор 1/1. Во конкуренција на двојки Јовановиќ и Кнежевиќ постигнаа победа против Летонија.
Во меѓусебните дуели Македонија – Црна Гора е изедначено 3:3, со тоа што последните два дуела ги добија ривалите.
МЕЃУСЕБНИ МЕЧЕВИ:
2025 (Скопје): Македонија – Црна Гора 0:3
2024 (Улцињ): Македонија – Црна Гора 0:3
2022 (Улцињ): Македонија – Црна Гора 2:1
2019 (Атина): Македонија – Црна Гора 0:3
2016 (Талин): Македонија – Црна Гора 2:0
2012 (Скопје) Македонија – Црна Гора 3:0
Ова е директен дуел за третото место и промоција во Втората Светска група, а денеска Летонија и Молдавија ќе играат за пехарот, додека победниците од мечевите Грузија – Азербејџан и Република Ирска – Косово ќе обезбедат опстанок, а поразените ќе испаднат во Четвртата Европска група.
Фото: Тениска федерација Молдавија