VIP Вести Репрезентативен настап

Дејвис куп: Во живо мечевите на Македонија од Молдавија

09.06.2026

Од среда македонската тениска репрезентација ги почнува мечевите од Третата Европска група од Дејвис купот. Прв противник на македонскиот национален тим е домаќинот Молдавија.

Избраниците на селекторот Горан Шевченко изминативе денови тренираа во Кишињев, каде и ќе се играат мечевите. Според програмата прво се играат два сингл меча, а потоа е дуелот во двојки.

Почетокот на првиот меч е во 10 часот по локално време, односно во 9 часот по македонско време.

Сите мечеви според информацијата од ИТФ ќе бидат пренесувани во живо на веб страницата на daviscup.com. Единствено што треба да се направи е да се регистрирате, а тоа е бесплатно.