Јуниорски тенис VIP Вести

Четири млади македонски тенисери дел од развојниот шампионат во Анталија

28.02.2026

Младите македонски тенисери до 14 години се дел од учесниците на развојните шампионати што се играат во Анталија, Турција. Оваа година Македонија ќе ја претставуваат: Андреј Темов, Василиј Закоски кај момчињата и Деа Крстевска и Ведрана Танеска кај девојчињата.

За време на престојот во Анталија ќе бидат одиграни два турнира, а мечевите на првиот стартуваат денеска. Од македонските тенисери во првото коло Андреј Темов, кој е рангиран како четврти носител е слободен, додека Василиј Закоски за прв ривал го има Самвел Геворгијан од Ерменија.

Деа Крстевска во првата рунда ќе игра против Јамила Хусензаге од Азербејџан, додека Ведрана Танеска за противничка ја има Раниа Хаџиева од Азербејџан.

Со тенисерите и тенисерките се и јуниорскиот капитен Круно Деспотовски и Тања Стојановска, заменик јуниорски капитен.