Младиот македонски тенисер Марко Алексовски ја оправда улогата прв носител и како победник го заврши турнирот во Солун за играчи до 16 години од категорија 3. Тој во финалето го совлада Игор Периќ од Србија со 2:0 во сетови (64 и 75).
На патот до финалето Алексовски во првото коло беше слободен, а најнеизвесен меч во три сета одигра во второто коло кога со пресврт го совлада Константинос Антониу од Грција со 2:1 во сетови (46; 63 и 60). Во третото коло Ксавиер Сандерс од САД го победи со 2:0 во сетови (62 и 62), додека во четвртфиналето беше поуспешен од Џери Кустојоргос од Грција со 2:0 во сетови (60 и 62). За влез во финалето Алексовски беше поуспешен од Оливиер Крупа од Полска со 2:0 во сетови (61 62).
На турнирот во Солун покрај Алексовски од македонските тенисери настапија: Александар Грујиќ (играше и четвртфинале во двојки), Марин Стефановски и Алексеј Стојановски.

