Важна информација за сите членови на Тениската Федерација!
Се известуваат сите тенисери кои учествуваат на турнирите од календарот на ТФСМ дека е потребно да ги извршат своите лекарски прегледи кај лекар специјалист по спортска медицина, а лекарските уверенија/потврди да ги прикачат на својот профил
https://igraj.tfsm.mk/tournaments и ги достават до својот матичен клуб.
Лекарскиот преглед не смее да биде постар од 6 месеци согласно Правилникот за здравствена за заштита на федерацијата.

Од 1.02.2026, тенисерите нема да можат да се пријават на турнирите од календарот на ТФСМ без лекарско уверение.
Ви благодариме на разбирањето и соработката,
Тениска Федерација на С.Македонија