На новата АТП ранг листа се наоѓаат тројца македонски тенисери и сите имаат мал скок во однос на претходната недела. Најмногу напредуваше Калин Ивановски, кој со 164 поени (три повеќе во однос на претходната недела) е рангиран на 323.то место (скок за седум позиции). Горазд Србљак се наоѓа на 1040.то место со 10 поени и има скок за две места, додека Обрад Марковски е на 1465.то место со три поени и има напредок од една позиција.
Во конкуренција на двојки Ивановски има пад за една позиција – неделава е на 650.то место со 75 поени, Берк Бугариќ е рангиран на 1347.то место (пад три места) со 16 поени, Обрад Марковские на 1471.то место со 13 поени (пад за четири места), додека Елдин Хусеиновиќ е на 2100.то место со три поени.
Кај жените Лина Ѓорческа е без промени во сингл конкуренција 178.мо место со 421 поен, а Магдалена Стоилковска има пад за шест места и се наоѓа на 1.229.то место (пад за шест места) со 8 поени. Во конкуренција на двојки Ѓорческа има скок за шест места – 321.во место со 256 поени, додека Стоилковска е на 1471.то место (скок за едно место) со 6 поени.
Утре од македонските тенисери ќе бидат активни Калин Ивановски на Челинџерот во Јокохама (меч од првото коло против Зизу Бергс од Белгија), Лина Ѓорческа игра во првото коло на фјучрсот во Валенсија, противничка и е Миа Ристиќ од Србија, додека Горазд Србљак на фјучрсот во Ираклион го очекува мечот од првата рунда против Американецот Мајкл Зу.