Kурс за тренери од Ниво 3 (Coaching High-Performance Players Course)

September 6, 2023

Тениската Федерација на Македонија во соработка со Македонскиот Олимписки комитет и Интернационалната Тениска Федерација организира курс за тренери од Ниво 3 (Coaching High-Performance Players Course) кој ќе се одржи од 2-14 Октомври 2023. Како Федерација добивме можност да го организираме овој курс во 13 дена, додека регуларниот курс кој најчесто се одржува во Валенсија трае 6 недели.

Овој курс е регионален а како Федерација имаме право да пријавиме 50% од вкупно пријавните кандидати. По добивањето на пријавата од клубовите Федерацијата ќе направи избор на сите пријавени кандидати.

Пријавата треба да се изврши најдоцна до 15.09.2023 на contact@tfsm.mk, со испраќање на Биографија од секој кандидат.

Сите кандидати кои ќе ги положат сите испити од курсот добиваат ИТФ интернационален сертификат.

За детални информации 070233243 или contact@tfsm.mk.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани