Репрезентативен настап – ТФСМ https://www.mtftennis.mk Тениска Федерација на Македонија Sat, 12 Apr 2025 15:07:39 +0000 en-US hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.7.2 230687863 Пораз од домаќинот Кипар во последниот меч од БЏК купот https://www.mtftennis.mk/%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%b7-%d0%be%d0%b4-%d0%b4%d0%be%d0%bc%d0%b0%d1%9c%d0%b8%d0%bd%d0%be%d1%82-%d0%ba%d0%b8%d0%bf%d0%b0%d1%80-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d0%be%d1%81%d0%bb%d0%b5%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d0%be/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25bf%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25b7-%25d0%25be%25d0%25b4-%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25bc%25d0%25b0%25d1%259c%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25be%25d1%2582-%25d0%25ba%25d0%25b8%25d0%25bf%25d0%25b0%25d1%2580-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25bf%25d0%25be%25d1%2581%25d0%25bb%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25bd%25d0%25b8%25d0%25be Sat, 12 Apr 2025 15:07:39 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=10361

Женската репрезентација на Македонија со пораз од домаќинот Кипар го заврши годинашниов настап во Втората Евроафриканска зона од Били Џин Кинг купот што се играше во Ларнака. Кипар оствари триумф од 2:0 откако беа одиграни двата сингл меча. додека мечот во двојки не се играше. Македонија денеска настапи без Лина Ѓорческа која поради повреда во четвртокот го предаде мечот во дуелот со Египет.

Во првиот денешен меч Ана Митевска загуби од Нина Андронику со 2-0 во сетови (62 60), додека во вториот меч Магдалена Стоилковска беше поразена од Дарија Фрајман со 2-0 во сетови (64 63).

Македонија со двата пораза во групата за пласман од 4-6 место годинашново издание го заврши како шестопласирана селекција. Тоа значи дека и следната година ќе игра во истиот ранг.

Пласман во Првата зона како две првопласирани селекции обезбедија Грузија и Норвешка, додека ранг пониско следната година ќе играа Естонија и Косово.

]]>
10361
Македонија поразена од Египет, Ѓорческа поради повреда предаде https://www.mtftennis.mk/%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%b4-%d0%b5%d0%b3%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d1%82-%d1%93%d0%be%d1%80%d1%87%d0%b5%d1%81/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25bc%25d0%25b0%25d0%25ba%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25b7%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25be%25d0%25b4-%25d0%25b5%25d0%25b3%25d0%25b8%25d0%25bf%25d0%25b5%25d1%2582-%25d1%2593%25d0%25be%25d1%2580%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2581 Thu, 10 Apr 2025 13:33:11 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=10352

Женската репрезентација на Македонија претрпе нов пораз во Ларнака во рамките на Втората Евроафриканска зона од Били Џин Кинг Купот. Поуспешни од македонските тенисерки беа претставничките на Египет кои остварија победа од 3:0 во групата за разигрување од 4-6.место. Конечниот исход во дуелот можеше да има и поинаков епилог да не дојдеше до поврдеа на најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, која го предаде мечот на ривалката Ламис Алхусеин Абдел Азиз. Во моментот на прекин Ѓорческа водеше со 1-0 во сетови (63 во првиот гем) и губеше во вториот со 1:4. Тоа практично беше и втора победа за Египет во сингл мечевите.

Во првиот сингл меч Магдалена Стоилковска имаше одличен старт и првиот сет го доби со без загубен гем – 6:0 за водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет нејзината противничка Хана Хосам Салах усепа да изедначи и сетот го освои со 6:3 во гемови, додека во решавачкиот беше 6:0 во гемови за Салах.

Во игра на двојки кога веќе беше познат победникот за Македонија настапија Јана Божиновска и Ана Митевска, кои беа поразени со 2-0 во сетови (62 62) од Амира Мохамед Бадви и Ламис Алхусеин Абдел Азиз.

Македонија утре е слободна, а во сабота ќе игра против домаќинот Кипар.

]]>
10352
Победа над Косово за македонските тенисерки во Ларнака – максимални 3:0 https://www.mtftennis.mk/%d0%bf%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d0%b4-%d0%ba%d0%be%d1%81%d0%be%d0%b2%d0%be-%d0%b7%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%82%d0%b5%d0%bd/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25b1%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25b4-%25d0%25ba%25d0%25be%25d1%2581%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25bc%25d0%25b0%25d0%25ba%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25bd%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5-%25d1%2582%25d0%25b5%25d0%25bd Wed, 09 Apr 2025 10:39:24 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=10341

Со двете победи во сингл мечевите македонските тенисерки ја навестија втората победа во групата во Ларнака на мечевите од Втората Евроафриканската зона и со тоа го поврдија второто место во групата.По триумфот во двојки Македонија дојде до максимални 3:0 над Косово.

Во првиот меч за нешто помалку од два часа игра Магдалена Стоилковска ја совлада Веса Ѓинај со 2-1 во сетови (26 64 62), додека во вториот меч Лина Ѓорческа беше убедлива против Форта Морина со 2-0 во сетови (61 60).

Во конкуренција на двојки во третиот меч за Македонија Јана Божиновска и Ана Митевска ги совладаа Аја Броки и Адријана Лекај со 2-0 во сетови (63 и 75).

Македонија во рамки на групата Ц го освои второто место со скор (2-1 победи-порази), додека Норвешка која денеска ја совлада Јужна Африка има скор 3-0. Јужна Африка е трета со скор 1-2, а Косово е на последното место со скор 0-3.

За македонската репрезентација остануваат да се одиграат уште два меча во разигрувањето за конечен пласман, каде ќе игра против второпласираните селекции од другите две групи. Во групата А тоа е селекцијата на Египет, која загуби од Бугарија, додека во групата Б домаќинот Кипар.

Утре Македонија ќе игра против Египет.

]]>
10341
Несреќен пораз на Македонија во дуелот со Норвешка https://www.mtftennis.mk/%d0%bd%d0%b5%d1%81%d1%80%d0%b5%d1%9c%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%b7-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%b4%d1%83%d0%b5%d0%bb%d0%be/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25bd%25d0%25b5%25d1%2581%25d1%2580%25d0%25b5%25d1%259c%25d0%25b5%25d0%25bd-%25d0%25bf%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25b7-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bc%25d0%25b0%25d0%25ba%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b4%25d1%2583%25d0%25b5%25d0%25bb%25d0%25be Tue, 08 Apr 2025 12:29:04 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=10339

Несреќен пораз на македонската женска репрезентација од 2:1 од Норвешка во мечот од 2.коло од Ц групата на Били Џин Кинг купот што се игра во Ларнака, Кипар. По двата сингл меча резултатот беше нерешен 1:1, па така победникот во овој меч се решаваше во играта во двојки. Македонскиот дубл добро го почна мечот и имаше водство од 4:1 во гемови, но потоа ривалките направија серија од пет гема и го добија првиот сет 6:4 во гемвои што значеше водство од 1-0 во сетови. Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска „се вратија“ во мечот и изедначија на 1-1 во сетови откако вториот сет го добија на убедлив начин со 6:1 во гемови. Во решавачкиот сет на поени Улрике Еикери и Малене Хелго од Норвешка поведоа со 4:1 на поени и предноста ја одржуваа искористувајќи ја втората меч топка и решавачкиот сет го добија со 10:5 на поени.

Претходо во првиот сингл меч Еикери ја совлада Стоилковска со 2-0 во сетови (63 62)и Норвешка поведе со 1:0, а Ѓорческа изедначи на 1-1 откако го доби мечот со Хелго со убедливи 2-0 во сетови (60 62).

Утре во мечот од третото коло Македонија ќе игра против Косово.

]]>
10339
Стартна победа за Македонија над Јужна Африка во БЏК купот https://www.mtftennis.mk/%d1%81%d1%82%d0%b0%d1%80%d1%82%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d0%b4-%d1%98%d1%83%d0%b6%d0%bd/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b0%25d1%2580%25d1%2582%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25b1%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25bc%25d0%25b0%25d0%25ba%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25b4-%25d1%2598%25d1%2583%25d0%25b6%25d0%25bd Mon, 07 Apr 2025 10:17:43 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=10323

Со убедливи две победи во сингл мечевите македонските тенисерки со триумф над Јужна Африка (2-1 конечен резултат) ги стартуваа мечевите од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг (БЏК) купот што се игра во Ларнака, Кипар. Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска забележаа убедливи победи и двете на своите противнички им препуштија по три гема во мечевите. Ова е втора победа во двата меѓусебни мечеви со Јужна Африка.

Во првиот меч Стоилоквска ја совлада Дона Ле Ру со 2-0 во сетови (63 и 60) за 40 минути игра. Во вториот меч Ѓорческа на идентичен начин успеа да дојде до победа во мечот со Мари Луи Ван Зил со 2-0 во сетови (62 61).

Селекторот Димитар Лабудовиќ се реши во мечот во двојки да настапат Јана Божиновска и Ана Митевска кои одиграа против Дона Ле Ру и Џени Ван Зил. Тенисерките од Јужна Африка победија со 2-0 во сетови (62 60).

Утре Македонија ќе игра против Норвешка, која во денешниот дуел од првото коло од групата Ц оствари победа од 3:0 против Косово.

]]>
10323
Јужна Африка прв противник на Македонија во БЏК купот https://www.mtftennis.mk/%d1%98%d1%83%d0%b6%d0%bd%d0%b0-%d0%b0%d1%84%d1%80%d0%b8%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b2-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%b8%d0%ba-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2598%25d1%2583%25d0%25b6%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b0%25d1%2584%25d1%2580%25d0%25b8%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25b2-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25be%25d1%2582%25d0%25b8%25d0%25b2%25d0%25bd%25d0%25b8%25d0%25ba-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bc%25d0%25b0%25d0%25ba%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25bd Sun, 06 Apr 2025 09:54:20 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=10320

Македонската женска репрезентација денеска во Ларнака ги дозна противничките во рамки на мечевите од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот (БЏК). Македонија е во групата Ц со националните тимови на: Норвешка (носител), Јужна Африка и Косово. Во првото коло македонските тенисерки утре ќе играат против репрезентацијата на Јужна Африка. Репрезентацијата на Јужна Африка се наоѓа на 85.место на ранг листата на БЏК купот и ланската сезона како најуспешна селеција од Третата зоната од Африка успеа да избори пласман во Втората зона. Составот на оваа селекција е малку познат и го сочинуваат: Џани Ван Зил, Дона Ле Ру, Мари-Луи Ван Зил, Кејтлин Рамдут, Абигајел Восло. Според програмата се играат прво двата сингл меча, а потоа следува мечот во двојки. Против Јужна Африка имаме одиграно еден меч во 2022 година во Скопје и остваривме победа од 2:1.

Врз основа на резултатите од првото коло ќе се одредат и двојките за следниот ден (вторник) кога ќе се играат мечевите од второто коло, додека мечевите од третото коло на програмата се во среда.

Во групата А се наоѓаат репрезентациите на: Бугарија, Египет и Израел, додека во групата Б се селекциите на: Естонија, Грузија, Босна и Херцеговина и Кипар (домаќин).

Трите првопласирани репрезентации од групите ќе продолжат во борба за двете први места што ќе значи и промоција (пласман) во Првата Евро-африканска зона за следната година. Второпласираните репрезентации од групите ќе продолжат да разигруваат за пласман од 4-6.место, а третопласираните ќе разигруваат за пласман од 7-9.место.

Двете четвртопласирани селекции во групите со четири репрезентации ќе испаднат од Втората Евро-африканска зона.

]]>
10320
Тенисерките на Македонија се во Ларнака во пресрет на мечевите од БЏК купот https://www.mtftennis.mk/%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%81%d0%b5%d1%80%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%b5-%d0%b2%d0%be-%d0%bb%d0%b0%d1%80%d0%bd%d0%b0/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2582%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2581%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25ba%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bc%25d0%25b0%25d0%25ba%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25b5-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25bb%25d0%25b0%25d1%2580%25d0%25bd%25d0%25b0 Sat, 05 Apr 2025 10:40:06 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=10309

Женската репрезентација на Македонија по неколку дневните подготовки во Скопје од понеделник ја очекуваат мечевите во Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот (БЏК купот). Македонските тенисерки од вчера се во Ларнака, Кипар каде ќе се играат мечевите. Македонија втора година по ред ќе игра во оваа зона откако во 2023 година на мечевите во Скопје успеа да избори пласман во повисок ранг. Минатата година Македонија го освои четвртото место со три победи (Естонија, Грузија и Израел) и еден пораз (Хрватска), додека пласман во Првата зона изборија Хрватска и Литванија која беше домаќин.

За претстојните мечеви ќе се играат на Херодоу тениската Академија предводникот на женскиот национален тим на Македонија Димитар Лабудовиќ ќе смета на Лина Ѓорческа, Магдалена Стоилковска, Ана Митевска и Јана Божиновска.

На настанот во Ларнака ќе играат 11 репрезентации, кои ќе бидат поделени во три групи (две со четири селекции, а една со три селекции). Покрај Македонија ќе настапат уште националните тимови на: Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар (домаќин), Египет, Естонија, Грузија, Израел, Косово, Норвешка и Јужна Африка.

  • Добро трениравме изминативе денови. Групата е посилна од ланската сезона бидејќи од Првата зона испаднаа Бугарија и Норвешка, другите репрезентации се истите од лани, а има и тенисери со повисок ранг. Има неколку тенисерки од рангот ТОП 200, па и на ниво на Лина Ѓорческа, а има и од ТОП 100. Извлекувањето на групите ќе биде в недела, па после ќе ги правиме плановите. Во „првиот шешир“ ќе бидат: Норвешка, Бугарија и Египет што значи дека ќе играме против една од овие три селекции. Ние се наоѓаме во „вториот шешир“. Мора да одиграме добро како и лани и во игра на двојки што е важно особено ако биде 1-1 по сингл мечевите. Немаме посебни желби за противници, изјави државниот капитен Димитар Лабудовиќ.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа и оваа година ќе биде нашиот главен адут, особено што во пресрет на овие мечеви пред десетина дена имаше солиден настап и полуфинале на фјучрс турнир во Марибор.

  • Добро сум подготвена, а и добро работевме со девојките изминативе денови во Скопје. Мечевите ќе се играат на хард (тврда подлога), на којашто играв на изминативе турнири. Има и подобри репрезентации, но за резултатот сметам дека пред сè ќе зависи од нас. Се надевам дека ќе бидеме на исто ниво како и лани, кога за многу малку не минавме понатаму, кога можеби и ни недостасуваше и малку среќа, истакна Ѓорческа.

Магдалена Стоилковска е нашиот „втор рекет‘ што значи дека таа најчесто ја има улогата прва да се појави на терен.

  • Трениравме добро, а важно е дека подлогата на одговара. Минатата година имавме добар резултат и оваа година ќе дадеме се од себе. Независно против кого ќе играме ќе играме најдобро, кога играме за нашата држава даваме се од себе, ќе се бориме многу и ќе одиграме најдобро што можеме во тој момент, рече Стоилковска.

Мечевите се играат според досегашниот систем, два сингл меча, а потоа мечот во двојки. Првопласираните репрезентации од трите групи формираат нова група и разигруваат за пласман на првите две места кои носат „промоција“ во Првата Евроафриканска зона. Второпласираните селекции од групите ќе играат за пласман од 4-6.место, а третопласираните ќе разигруваат за пласман од 7-9. место. Двете четвртопласирани во групите ќе го „преселат“ во Третата зона од БЏК купот.

Првите мечеви се предвидени да се играат на 7. април во понеделник, а ќе се игра до 12.април.

]]>
10309
Шевченко: Одигравме тимски и квалитетно, но следната година очекувам повеќе успех https://www.mtftennis.mk/%d1%88%d0%b5%d0%b2%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%ba%d0%be-%d1%80%d0%b5%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b7%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%be%d0%b4%d0%b8%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b0/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2588%25d0%25b5%25d0%25b2%25d1%2587%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25ba%25d0%25be-%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25b7%25d0%25b5%25d0%25bd%25d1%2582%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b8%25d0%25b2%25d1%2586%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5-%25d0%25be%25d0%25b4%25d0%25b8%25d0%25b3%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25b0 Mon, 24 Jun 2024 17:04:22 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=9338

Репрезентацијата на Македонија годинашново издание од Дејвис купот во Третата Европска зона што се играше во Улцињ го заврши со две победи (Словенија и Косово) и еден пораз (Црна Гора). Македонија во мечот за опстанок го совлада Косово, иако во групата со три репрезнтации (Словенија и Црна Гора), сите постигнаа по една победа и еден пораз.

На првиот ден Македонија играше против домаќинот Црна Гора.

  • Почеток и меч со Црна Гора, беше адаптација. Бугариќ тешко се привикна во мечот со Петар Јовановиќ, но како одминуваше мечот во вториот сет беше на висината на задачата и само нијанси го решија победникот (7-5 во вториот сет за Јовановиќ). Деари беше под голем притисок против играч Резарт Чунгу, кој буквално играше на „домашен терен“. Иако беше во грч, сепак покажа добра игра. Дублот (Димитар Грабул и Амар Хусеиновиќ) поведе со 1-0 во сетови, но вториот сет беше во знак на домашниот тим. Во решавачкиот сет нашите водеа со 4:1 во гемови, но едноставно противниците играа многу квалитетно и Црна Гора заслужено го доби мечот во двојки, изјави селекторот Горан Шевченко.

(Берк Бугариќ на мечот против Црна Гора)

(Шендрит Деари на мечот со Црна Гора)

(Амар Хусеиновиќ и Димитар Грабул на мечот со Црна Гора)

Следен ривал ни беше репрезентацијата на Словенија, која беше носител во нашата група.

  • Со Словенија го одигравме најдобриот меч. Бугариќ буквално го надигра противникот (Матиц Крижник). 2-0 во сетови (63 63) и притоа Берк клучните поени ги одигра фантастично. По ова следуваше мечот на Деари, секако беше најинтересниот меч. Деари покажа дека може да игра на високо ниво особено што неговиот ривал Бор Артнак, е со многу добар ранг. Не дозволи да биде „притиснат“ во играта. Првиот сет Словенецот го доби со еден брејк, а во вториот сет Деари водеше со 4:1 во гемови и потоа и во тај брејкот со 4:2 на поени, но сепак сетот го освои Артнак. Може го добија Словенците овој меч, но оваа пресметка имаше влијание на конечниот исход. Артнак во играта на двојки едноставно не беше во состојба да игра и поради грчеви Словенија по само еден одигран гем го предаде мечот, напомена македонскиот селектор.

(Берк Бугариќ на мечот со Словенија)

(Шендрит Деари на мечот со Словенија)

По биланс една победа и еден пораз на сите три репрезентации, но со послаб скор од ривалите Македонија како третопласирана мораше да разигрува за опстанок против третопласираната репрезентација од другата група – Косово.

  • Го почнавме мечот со водство по рутинската победа на Берк, за потоа Деари кој беше уморен сепак успеа да го добие решавачкиот сет. Тоа го направи со голема желба, играше со срце и тоа му ја донесе победата. Добро беше што победивме и што не решаваше мечот во двојки, бидејќи тоа е како „руски рулет“, заклучи предводникот на македонскиот тим.

(Шендрит Деари на мечот со Косово)

(Берк Бугариќ на мечот со Косово)

За целото натпреварување во многу тешки временски услови, Шевченко истакна:

  • Мечевите од Дејвис купот се играа во Улцињ, Црна Гора и за време на периодот од 6-7 дена од нашиот престој температурите беа исклучително високи околу 40 степени. Такви температури имаше и за време на мечевите. Во такви случаи беше применето правилото „heat rule“ и тоа во три наврати. Во два случаи беше дадена пауза од 10 минути по завршување на вториот сет, пред почеток на третиот сет, а еднаш имаше и прекин од три часа, до намалување на температурите. Сепак сите репрезентативци го дадоа максимумот на мечевите во секој поглед, не само кога беа на теренот. Момците одиграа тимски и се надевам дека следната година ќе направиме повеќе. Можеби испуштивме да го добиеме дублот со Црна Гора и ќе беше 2:1 и така трите екипи ќе имавме победа од 2:1, но пак ние ќе бевме трети во групата и да го добиевме тој сет, ќе немавме можност да бидеме први или втори во групата и да играме за пласман во Втората зона. Деари одигра добри мечеви, особено што последните неколку месеци е активен на турнирите, а Берк имаше пауза од шест месеци поради операција и беше на висина на задачата. Мислам дека следната година со Калин Ивановски, (не играше поради повреда) со негово враќање, како и со учество на тенисерите кои откажаа, мислам дека повторно може да имаме тим кој ќе се бори за „промоција“ во Втората Евро-африканска зона и сметам дека имаме потенцијал да го направиме тоа, рече Горан Шевченко.

Пласман во Втората Евро-африканска зона обебедија: Кипар (победник во Улцињ), Црна Гора и Словенија, додека репрезентациите на Косово и на Азербејџан испаднаа и следната година ќе играат во Четвртата Европска зона.

]]>
9338
ДК: Триумф над Косово за опстанок во Третата Европска зона https://www.mtftennis.mk/%d0%b4%d0%ba-%d1%82%d1%80%d0%b8%d1%83%d0%bc%d1%84-%d0%bd%d0%b0%d0%b4-%d0%ba%d0%be%d1%81%d0%be%d0%b2%d0%be-%d0%b7%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%ba-%d0%b2%d0%be-%d1%82%d1%80%d0%b5/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b4%25d0%25ba-%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b8%25d1%2583%25d0%25bc%25d1%2584-%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25b4-%25d0%25ba%25d0%25be%25d1%2581%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25be%25d0%25bf%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25be%25d0%25ba-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b5 Sat, 22 Jun 2024 12:34:28 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=9329

Македонската Дејвис куп репрезентација забележа победа против Косово со 2-0 во мечот за опстанок во Третата Европска зона што се игра во Улцињ и со оваа предност го добива мечот и со тоа обезбедува опстанок во оваа зона. До двата поена Македонија стигна по двете сингл победи.

Во првиот меч Берк Бугариќ го совлада Мал Агуши со 2-0 во сетови (62 61) за 1 час и 32 минути игра. Во првиот сет по 1:1 во гемови, Бугариќ направи серија од четири гема за водство од 5:1 и водство кое беше тешко достижно за противникот. Во вториот сет Агуши поведе со 1:0, но потоа следуваше серија на Бугариќ од шест гема што значеше водство на Македонија од 1-0 во мечот.

Во вториот меч Шендрит Деари поведе против Јасин Јакупи со 1-0 во сетови откако го доби првиот сет со 6:4 во гемови. Деари поведе со 4:0, но ривалот успеа да изедначи на 4:4, сепак завршницата на сетот му припадна на Деари кој ги освои двата гема. Во вториот сет Јакупи поведе со 4:0 во гемови, а Деари само успеа да освои еден гем, иако некои од гемовите се играа и по повеќе од 15 поени. Во решавачкиот сет Деари имаше пет брејка од шест можности, а Јакупи 3 од 6. Во гемот каде имаше повеќе брејк гемови, единствениот гем на свој сервис го освои Деари (четвртиот гем) за водство од 3:1 и таа предност се покажа како решавачка за да го добие мечот и со тоа да го донесе вториот поен за Македонија. Мечот траеше 2 часа и 5 минути.

Мечот во двојки нема да се игра.

На мечевите во Улцињ Македонија забележа две победи над Словенија 2-1 и против Косово со 2-0, додека поразот од Црна Гора во првиот меч од 0-3 ја спречи нашата репрезентација да се бори за пласман во повисок ранг.

]]>
9329
ДК: Косово последен противник на Македонија https://www.mtftennis.mk/%d0%b4%d0%ba-%d0%ba%d0%be%d1%81%d0%be%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d0%be%d1%81%d0%bb%d0%b5%d0%b4%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%b8%d0%ba-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b4%25d0%25ba-%25d0%25ba%25d0%25be%25d1%2581%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25bf%25d0%25be%25d1%2581%25d0%25bb%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25bd-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25be%25d1%2582%25d0%25b8%25d0%25b2%25d0%25bd%25d0%25b8%25d0%25ba-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bc%25d0%25b0%25d0%25ba%25d0%25b5%25d0%25b4 Sat, 22 Jun 2024 07:08:16 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=9317

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија денеска го игра последниот меч во Улцињ од годинашново издание на Третата Европска зона од Дејвис купот. Македонија вчера беше слободна во А групата, а со триумфот на Словенија над Црна Гора вчера од 2-1, нашата репрезентација го освои третото место во групата поради послабиот скор во меѓусебните дуели, бидејќи трите репрезентации имаа ист скор 1-1 (победа-пораз).

Црна Гора го освои првото место, Словенија е втора, а Македонија трета и во денешениот меч со Косово играме за опстанок.

Денешниот наш ривал вчера во мечот за третата позиција во групата Б забележа победа над Азербејџан со 2-1, а во првите две кола загуби од Кипар и од Молдавија со по 3-0.

Црна Гора и Кипар како првопласирани од групите обезбедија „промоција“ (влез) во Втората Евро-африканска зона, додека второпласираните од групите Словенија и Молдавија денеска играат бараж за „промоција“, додека Азербејџан следната година ќе игра Четвртата Европска зона.

РАСПОРЕД МЕЧЕВИ / МАКЕДОНИЈА – КОСОВО

прв меч: Берк Бугариќ – Мал Агуши (прв сингл)

втор меч: Шендрит Деари – Јасин Јакупи (втор сингл)

трет меч: Берк Бугариќ, Амар Хусеиновиќ – Флорент Лимани, Вулнет Таши (двојки)

]]>
9317