Јуниорски тенис Вести VIP Main

Заврши турнирот „Неотел опен 2026“

01.08.2026

На терените на ТК Југ со денешните финални мечеви во поединечна конкуренција заврши првиот од петте турнири во младинска конкуренција што се одржуваат во Скопје, Македонија. Ова беше единствениот турнир за тенисери и тенисерки до 16 години, додека сите следни (четири) ќе бидат за тенисери и тенисерки до 18 години. Турнирот беше од категорија 3.

Кај момчињата најуспешен беше Виктор Вишниќ од Србија, кој во финалето го победи Николај Петерсен од Данска со 2-1 во сетови (26 62 60). Кај девојчињата во „грчкото финале“ победи Марија Кукуци, која со 2-0 во сетови (64 76(5)) ја победи Василики Блеци. Пласман во четвртфиналето кај девојчињата обезбедија Деа Крстевска и Лина Николовска.

Во конкуренција на двојки кај момчињата победија Лоренцо Сенси и Франческо Феро од Италија, кои со 2-1 во сетови (16 76(1) 10-3 на поени) ги победија Шив Мохан (Хонг Конг) и Артем Олиник (Украина).

Кај девојчињата во двојки победија Ева Јанку од Романија и Марија Кукуци од Грција, кои со 2-0 во сетови (76(2) 61) ги победија Деа Крстевска од Македонија и Наја Хат од Словенија.

Од понеделник на терените на ТК стартува турнирот Ј60 Скопје, каде неколку млади македонски тенисери и тенисерки ќе бидат рангирани и како носители.