Јуниорски тенис Вести VIP Main

Митевска го предаде четвртфиналето на Европското првенство поради повреда

24.09.2026

Македонската тенисерка Сара Митевска го предаде четвртфиналниот меч против Германката Милена Стеинкамп на Европското првенство за тенисерки и тенисери до 16 години што се игра во Парма. Таа во третиот сет при 1:1 во сетови и 3:2 во гемови за противничката го предаде мечот откако заработи повреда за време на тај-брејкот во вториот сет.

Во тај-брејкот на вториот сет Митевска незгодно падна и го повреди коленото. Таа сепак го продолжи мечот, но во два наврати и беше укажувана и медицинска помош, а во вториот при 2:1 во гемови за неа за време на паузата десното колено и беше бандажирано.

Инаку, Митевска го доби првиот сет со 6:4 во гемови, а во вториот сет во кој се водеше голема борба за секој поен имаше постојано водство. Сепак нијанси решаваа и ривалката од Германија успеа да се избори за тај-брејк во кој го изедначи резултатот во сетови, а притоа македонската тенисерка се повреди.

Во секој случај Сара Митевска со пласманот во четвртфиналето и со прикажаните игри покажа дека е иднината на македонскиот женски тенис, а особено беше значајна победата во осминафиналето против Марија Поп од Романија, која е една од најдобрите светски тенисерки на возраст до 18 години и беше прва носителка.