Јуниорски тенис VIP Вести

Македонските тенисери и тенисерки ги имаа првите настапи на Европското првенство до 14 години

21.07.2026

Младите македонски тенисери и тенисерки до 14 години се дел од Европскиот шампионат што се одржува во Мост, Чешка. Ова секако е шанса македонските тенисери покрај настапот и мечевите да се стекнати со искуство на меѓународни натпреварувања. На шампионатот настапуваат повеќе од 150 тенисери и тенисери од цела Европа. Шампионатот нема само натпреварувачки карактер, туку има за цел децата да се дружат и преку едукација да добијат и други знаења за тенисот, но и за нивните другари и другарки од спротивната страна на мрежата. 

Европското првенство е едно од престижните натпреварувања. Андреј Темов во првото коло беше поразен со 2-1 во сетови од Арас Јалчинкаја од Турција, додека Василиј Закоски загуби од Лионел Фриснег од Австрија со 2-0 во сетови. Кај девојчињата Деа Крстевска беше дел од втората рунда каде беше поразен со 2-0 во сетови од Милица Чапин од Србија, додека Вeдрана Таневска загуби од Лина Османовиќ од Луксембург со 2-0 во сетови. 

Во конкуренција на двојки Темов и Закоски загубија од српските тенисери Ѓорѓе Адамовиќ и Лазар Ѓокиќ со 2-0 во сетови, додека кај девојките во второто коло Крстевска и Танеска ќе играат против Стела Ханту и Пихла Јутен од Финска. 

И покрај поразите нашите тенисери и тенисерки ги продолжуваат натпреварувањата во поединечна конкуренција. Темов за ривал Самвел Геворгијан од Ерманија, додека Закоски за противник го има Но Русеан Пачеко од Луксембург. Кај девојките Ведрана Танеска ќе игра против Антонија Гаугас од Молдавија, а Деа Крстевска ќе настапи против Раја Петкова од Бугарија.

Андреј Темов

Ведрана Танеска

 

Василиј Закоски

Photos © Burak Gölge/Tennis Europe