Македонскиот тениски тим на Европското првенство У18 ќе има два претставника кај момчињата и девојчињата на шампионатот што почнува утре (понеделник). Кристијан Јанев и Ерион Незири се дел од машките турнири во сингл и во конкуренција на двојки, додека кај девојчињата тоа се Мила Јовановски и Ирина Пиштолова.
Дел од нив своите први настапи ќе ги имаат на првиот ден од првенството. Мила Јовановски ќе игра против Елеонова Тонева од Бугарија, додека Ирина Пиштолова за ривалка ја има Лидија Бринман од Ирска. Од момчињата настап треба да има Ерион Незири против Лукас Ериксон од Финска.
И Кристијан Јанев во првата рунда има ривал од Финска, а тоа е Емил Торн.
Во конкуренција на двојки Јанев и Незири ќе играат Калојан Шиков и Александар Толев од Бугарија, додека Јовановски и Пиштолова ќе играат против Димитра Кумуцеа и Катарина Устабасиду од Грција.