Дејвис куп репрезентативците на Македонија Калин Ивановски и Олег Приходко ќе настапат на Челинџер 50 турнирот во Кишињев, Молдавија. Двајцата се дел од турнирот што се игра за награден фонд од 56.700 долари.
Ивановски за ривал во првата рунда го има Денис Јевсеев од Казахстан, додека Приходко, кој е рангиран како осми носител ќе игра против Британецот Јоханес Мандеј. Двајцата ќе настапат и во конкуренција на двојки. Ивановски заедно со Русинот Денис Клок ќе играат против третите носители Хуан Хозе Бјанки (Венецула) и Џошуа Шеј (САД), додека Приходко ќе настапи со Филип Џеф Планиншек од Словенија против Никита Белозерцев (Узбекистан) и Владислав Мелниќ (Романија).
Од понеделник и најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе има настапи на ИТФ фјучрсот турнирот во Ираклион, на Крит (Грција). Во првото коло Ѓорческа е слободна, а ќе очекува ривалка откако ќе бидат комплетирани мечевите во квалификациите. Таа по подолги време ќе се појави и во конкуренција на двојки каде со Далила Јакупович од Словенија ќе настапат против Миа Чудејова (Словачка) и Полина Лејкина (Русија).