Професионален тенис Вести VIP Main

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг

06.08.2026

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на W75 турнирот во германскиот град Лајпциг откако во второто коло го предаде мечот против Алена Ковацкова од Чешка. Таа во вториот сет прв водство на ривалката со 1-0 во сетови и 2:1 во гемови го предаде мечот.

Ривалката го доби првиот сет со 6:1 во гемови, откако поведе со 5:0. На стартот на вториот сет Ѓорческа по 14 одиграни поени го доби првиот гем, но потоа следните два гема и припаднаа на Ковацкова и потоа го предаде мечот.

Следната недела македонската тенисерка е пријавена за настап во Куршумлијска Бања.