Младиот македонски тенисер Марко Алексовски имаше настап на силниот турнир за играчи до 14 години во Франција во Тарбе „Les Petits“. Ова е турнир од супер категорија односно настапуваат најдобрите од ранг листата на tenniseurope.
Македонскиот тенисер кој е рангиран на 20.то место во првото коло за ривал го имаше третиот во моментов на ранг листата и трет носител на турнирот Никита Бердин од Русија и мечот го загуби со 2-0 во сетови (61 61). Во конкуренција на двојки Алексовски настапи со Ерик Меолич од Словенија и во стартното коло загубија од германската комбинација Луи Калин и Даниел Чарнечки со 2-0 во сетови (62 76(4)).
Настапот на овој силен турнир е секако големо искуство за Алексовски во пресрет на новата сезона.