Младиот македонски тенисер 14-годишниот Марко Алексовски во следните неколку денови ќе биде учесник на силниот турнир (Les Petits As Mondial) во Франција што се игра во Тарбе. Алексовски во моментов е рангиран на 20.место на листата за тенисери со 14 години, што секако му овозможи и настап на овој турнир каде ќе играат најдобрите 25 според ранг листата, додека дел од другите учесници ќе бидат познати по завршувањето на квалификациите.
Главниот турнир почнува на 20.јануари во понеделник, a првиот ривал ќе биде познат утре (недела). Инаку турнирот во Франција е од Супер категорија и е еден од најсилните за оваа возраст.
Ова секако ќе биде голем предизвик за малдиот македонски тенисер, кој пак во конкуренција на повозрасните до 16 години има исто така забележителен пламан на ранг листата.