Две елиминации на Ѓорческа на фјучрсот во Тунис

January 16, 2025

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ги загуби двата меча денеска на фјучрс турнирот во Ла Марса, Тунис на ИТФ турнирот што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Прво во сингл мечот од првата рунда Ѓорческа по голема борба беше поразена од Кристина Дину од Романија со 2-1 во сетови (46 63 75) за без малку три часа игра. Овој меч се играше два дена, откако првиот прекин беше во првиот сетмпри резултат 3:3 во гемови. Токму овој сет го освои Ѓорческа со 6:4 во гемови, а ривалката изедначи на 1:1 откако го доби вториот сет со 6:3.

Во решавачкиот сет Дину поведе со 4:2 во гемови, а Лина успеа да стигне на чекор до победа откако со серија од три гема поведе со 5:4. Но, до крајот на мечот противничката ја возврати серијата и со три гема стигна до 7:5 и победа од 2-1 во сетови.

Во конкуреција на двојки Ѓорческа настапи заедно со Дину и загубија од вторите носителки Нина Варгова од Словачка и Јасмин Мансури од Франција со 2-0 во сетови (63 63).

Ѓорческа останува во Тунис и треба да настапи на уште еден ИТФ фјучрс турнир во Ла Марса следната недела.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани