Младиот македонски тенисер Андреј Темов во неизвесен меч претрпе пораз во три сета и загуби од Австриецот Лука Сагедер со 2-1 во сетови. Првиот сет му припадна на македонскиот тенисер со 6:3 во гемови, додека во следниот беше 6:2 за противникот. Во решавачкиот сет што се игра на поени го доби Австриецот со 10-4 на поени.
Темов мечевите од Е групата ги заврши со една победа и два пораза на третото место, додека Сагедер заврши на првата позиција со три победи и ги продолжи мечевите во четвртфиналето на турнирот за играчи до 12 години што се игра во Мајорка на терените на Академијата Рафаел Надал.
Настапот на турнирот до 12 години за Темов е секако големо искуство за младиот тенисер при крајот на календарската година. Тој во Шпанија е со својот тренер Владимир Чубриноски.