Македонскиот тенисер Калин Ивановски е поразен на стартот од квалификациите на Челинџер 125 турнирот во финскиот град Хелсинки. Ивановски загуби од искусниот тенисер од Чешка Јиржи Весели со 2-0 во сетови (64 76(3)) за 95 минути игра.
Во мечот имаше само еден брејк и го направи Весели во првиот сет, а Ивановски имаше 10 ас сервиси наспроти 6 на противникот, но скорот на двојни сервис грешки беше 6 за Иваовски, а 2 за Весели.
Мечот почна со водство на македонскиот тенисер од 1:0, но во следниот гем на сервис на Калин, ривалот успеа да направи брејк и ја искористи единствената брејк шанса и таа предност и водство ги задржа до крајот на сетот што го доби со 6:4 во гемови. Во вториот сет, Ивановски имаше постојано предност, а во осмиот гем од сетот македонскиот тенисер ја имаше и единствената брејк топка, но не ја искористи и до крајот на сетотдвајцата тенисери го освојуваа гемот на свој сервис и сетот беше решен во тај брејк. Калин поведе со 2:1 во поени, но Весели го искористи своето искуство во еден ваков меч и тај брејкот го реши со 7:3 на поени и 2-0 во сетови.
Турнирот во Хелсинки се игра за награден фонд од 148.625 евра на тврда подлога во сала.