Македонскиот тенисер Калин Ивановски го загуби финалето од квалификациите на Челинџер 125 турнирот што се игра во Братислава, Словачка за награден фонд од 148.625 евра. Поуспешен од него беше домашниот тенисер Милош Карол со 2-0 во сетови (75 64) за 93 минути.
Во изедначен меч нијанси го решија победникот. Во првиот сет двајцата тенисери сервираа одлично, а првите две брејк топки словачкиот тенисер ги имаше во 11.тиот гем кога и успеа да го направи единствениот брејк во првиот сет и да го добие сетот со 7:5.
Во вториот сет на почетокот Ивановски поведе со 1:0 во гемови, а во вториот гем од сетот не успеа да реализира две брејк топки за 2:0. Во седмиот гем од вториот сет Карол успеа да направи брејк и да поведе со 4:3 во гемови. Во следниот гем на сервис на Калин Ивановски беа одиграни вкупно 14 поени, а македонскиот тенисер успеа да спаси и три меч топки и да намали на 5:4, но противникот во следниот гем ја реализираше меч топката на свој сервис за 6:4 во вториот сет и конечни 2-0 во сетови.
Ивановски за пласманот во финалето од квалификациите на Челинџерот 125 во Братислава ќе добие три поени.
Следната недела Калин е пријавен за настап на уште еден Челинџер 125 во Хелсинки.