Младата македонска тенисерка Сара Митевска стигна до полуфиналето на ИТФ јуниорскиот турнир што се играше во Пазарџик. Таа имаше успешен настап во Бугарија со две исклучително тешки победи остварени во првите две кола во два меча одиграни во три сета.
По првото коло во кое беше слободна во втората рунда ја совлада бугарската тенисерка Теодора Најденова со 2-1 во сетови (46 62 61), откако го загуби првиот сет во следните два на ривалката и препушти само три гема. Во следниот меч за ривалка имаше уште една домашна тенисерка и во мечот беа одиграни 32 гема, а Сара победи со 2-1 (64 46 75). Во решавачкиот сет беа одиграни дванаесет гема, а македонската тенисерка не дозволи тај брејкот да решава за победничката.
Во четвртфиналето по двата тешки меча Сара ја победи Романката Вероника Червак со 2-0 во сетови (64 62), додека полуфиналето против првата носителка Бријана Иванова од Бугарија го предаде.
На турнирот настапи и Ана Митевска, која во мечот од второто коло загуби од тенисерката од Бугарија Кристина Канева со 2-0 во сетови.